kolona

УНИВЕРЗАЛНА ЗА СЕКОГАШ

ЧУВАР НА НАШИОТ ТРУД И СПОМЕНИ

Ја следам јавната дебата за Универзална деновиве. Факт е дека има многу емоции за овој објект. Очигледно е дека за многумина таа не е само објект, туку емоција.
Природно е да се врзуваме и да ги сакаме местата кои ни будат пријатни сеќавања.
Се сеќавам дека три дена по нејзиното затворање требаше да имаме концерт таму кој беше распродаден. Друга сала со толку седишта немаме. Не можам да ви ја опишам состојбата и чувствата кога треба да преместите концерт во сала што ја немаме,
Не сум сигурна кога прв пат сум влегла во неа, веројатно уште како бебе. Но, моите први работни искуства датираат од 1992 година. Од тогаш па додека работеше нашата љубов траеше во континуитет.
Стотици настани сме направиле таму, детето ми порасна по ходниците, на секој настан имав свиткан зглоб од трчањето по скалите нагоре надоле. Ја знам на памет нумерацијата на секој блок, ред и седиште.
Дали Универална беше добра сала? ДА! Идеално акустична, одлично поставен аудиториум, прегледност од сите страни, добра локација за посетители, музичарите велат дека можеле совршено да комуницираат со публиката. Пристоен број на седишта.
Дали Универзална имаше мани! ПРЕМНОГУ! Стари и тесни столици, нефункционален backstage, гардероби по тесни и опасни скали, тесни влезови, недоволни и нефункционални тоалети, лимитирани можности за пристап за техничка опрема.
Дали можевме да сториме повеќе? ДА! Можеше да биде подобро одржувана или дотерувана со текот на времето. Можеше повеќе да се вложува во неа за да не дојде до оваа состојба. Универзална е жртва на неодговорност и немарност. И на политички калкулации!
На Скопје му треба повеќе од една концертна дворана. Во моментов Скопје е единствена метропола каде нема концертна дворана со повеќе од 900 седишта за публика (ВИП арена е спортски објект!). Тоа за нас како професионалци е крајно фрустрирачки и економски поразително.
Дали на нејзино место треба да се изгради летна сцена? НЕ! Скопје има летни простори за правење на настани отворени за публика, Потребни ни се затврорени за комерцијална употреба. Летната сцена на тоа место ќе создаде непријатности за локалното население – гужва, гласна музика, метеж, отпадоци од публиката. Не сум сигурна дека летна сцена на фрекфентен булевар е добра опција за нас професионалците.
Кое е идеалното решение! НЕ СУМ СИГУРНА! Најдобро би било да ја реновираме Универзална од темел и да ја ставиме во функција. Не е во ред да се откажеме од традиција стара 60 години!
А секако треба да се изгради голем мултимедијален објект со повеќе дворани, со повеќе можности и со повеќе концертни сали!
И сосема за крај, не можам да разберам да се носат решенија и одлуки за вакви прашања а да не бидат прашани професионалците. Не прифаќам одлука без дебата со организатори на настани, со рентал професионалци, со уметници!
Што и да се случи со Универална засекогаш ќе си гу чувам спомените, фотографиите и убавите моменти!

МАЈА БАБИЌ
Trego më shumë
Kthehu në butonin e lartë
sq
mk_MK sq
afër