kolona

САМО ТАКА ЌЕ НЕ БИДЕ

НИКАКО ПОИНАКУ

Премиер на Канада е Џастин Трудо… Канаѓанин… По потекло, Французин… Ако ја отворите неговата страница на Википедија, информацијата дека е Французин ќе ја прочитате некаде долу. Во делот кадешто се најмалку битните работи.

И не е првпат Французин да биде премиер на Канада… Мислам дека Трудо е 9-ти премиер од францускиот етникум во канадската историја. И знам дека никому не му е битно дали актуелниот премиер е Французин.

Во Канада има една политичка партија во којашто гравитира население од францускиот етникум… Bloc Québécois. Неколку пати од таа партија зависело кој ќе ја има власта во Канада.
И знаете ли колку пати тие побарале премиер да биде нивни човек?
НУЛА пати.

Уште нешто за таа партија. Пред 15 години имаа 48 пратенички места во парламентот. И тогаш со полакомија, со некакви екстремни барања. Целата националистичка политика им се сведе на подобрување на животот САМО НА ФРАНЦУЗИТЕ, а не и на сите граѓани во Канада. И знаете ли од кого беа казнети за таквата нивна политика… Од своите, од Французите. На следните избори (2011 година) од 48 паднаа на само 4 пратенички места.
И после чудете се зошто Канада секоја година е на прво место во светот во категоријата ‘Квалитет на живеење’!

— — —

Да се преселам на наше тло.
Најмалку важно е дали премиер на Македонија ќе биде Македонец (Зошто не?). или Албанец (Pse Jo?), или Србин (А што не би?), или Виетнамец (Tại sao không?)
Она што го сакам од идниот премиер е да се бори за правата на СИТЕ ГРАЃАНИ.
Тоа го барам и од останатите парципиенти во владата… Сакам министер Влав да се бори за подобар живот и на Албанците и на Србите. Министер Бошњак да се бори за подобар живот и на Власите и на Ромите. Министер Албанец да се бори за подобар живот и на Македонците и на Турците…
Само така ќе нè биде, никако поинаку!

АЦО ЛУКАРОСКИ

Trego më shumë
Kthehu në butonin e lartë
sq
mk_MK sq
afër