kolona

БОЛНА ТЕМА

БОЛИ У ПМ

БОЛКА ДО КОСКИ

Ај што е болка туку почнува и срам да ме јаде.

Ќе зпочнам со постови од твитер и фб, па потоа и ќе си го кажам и сопственото мислење околу еден споменик на Културата наречен УНИВЕРЗАЛНА САЛА.

Toa e spomenik na solidarnosta. Donirale 35 zemji po zemjotresot. Zatoa ne e samo sala! Ke donirame ako treba. Nema pogolem rezil za edna zemja od toj da se srushi sala za koja donirale 35 zemji!

Да, 35 земји од кои поголемиот дел се од, тогаш, неврзаните земји како Афганистан, Јемен, Јордан, Мали, Мароко, Тунис……… и да не редам понатаму. Меѓутоа, најважниот момент е дека соседна Бугарија ни го подари проектот. Битно е бидејки тие имаа идентична сала во Софија во која беше сместен Државниот циркус и сала со која софијанци се гордееја.

Еве и еден фб статус на новинарката на 24ТВ Душица Мрѓа:

Не може да си од Скопје,а да не си бил на “Златно славејче” во Универзална
Не може да си од Скопје,а да не си бил на предновогодишна претстава со Дедо Мраз и пакетчиња во Универзална
Не може да си од Скопје,а да не си го слушал Влатко Стефановски во Универзална
Не може да си од Скопје,а да не си бил на “Глумците пејат” во Универзална
Не може да си од Скопје,а да не си бил на “Скопје фест” во Универзална
Не може да си од Скопје,а да не си бил на концерт на “Танец” во Универзална…
Не може да си од Скопје,а да не си се чекал никогаш пред Универзална
Не може да си од Скопје,а никогаш барем еден “дејт”да не ти бил закажан пред Универзална…
И вака можам до недоглед,од приемниот на Медицински во Универзална,до љубовните концерти на Тоше во Универзална…
Но суштината е само една,не може да си од Скопје,а во него да ја нема Универзална…
Не може да го сакаш Скопје,она вистинското,а да не ја сакаш Универзална..
И доста со глупости!
Ај што никој од “силувачите”на Скопје не одговараше за своите злодела,ај што се’ што никна во Скопје се уште не е ни милиметар поместено,ај што уште и го зачинивте со вештачки тревници од анонимни донатори,па уште и Универзална да ја снемало…

Е сега ќе му се обратам на Градоначелникот на град Скопја, Петре Шилегов.

Драг мој Пецо,

Се чувствувам повикан да го кажам своето мислење. Зошто? Па и фотографијата која што е поставена потекнува од Универзална.

Го ислушав твојот драматичен брифинг кој, морам да признаам, со многу Чеховски паузи скоро и да ме убеди дека си жестоко заинтересиран за опстанокот на Универзална.

Велам скоро бидејки не до крај ја одглуми улогата на загрижен граѓанин.

Не Пецо, не. Не сум сигурен дека си загрижен Ти, загрижен сум јас.

Загрижен сум од фактот дека аналфабетите кои ја водеа и водат Државата кои, патем, ми украдоа добар дел од мојот живот, сега сакаат да ми го украдат моето културно сеќавања.

Сакате од мојата глава да ги исфрлите Реј Чарлс, Каунт Бејзи, Душко Гојковиќ, претставите на Таганка, а со тоа да го исфрлите и еден од великаните на руското, па и светското глумиште Висоцки. Сакате и на овој начин да ми ги избришете Глумците пеат. Знаеш Ти многу добро зошто велам и НА ОВОЈ НАЧИН. На таа сцена продефилира многу светски имиња, многу Легенди од сите уметности.

Њу Јорк ја Метрополитен опера, Лондон Ковен Гарден, Париз Олимпија……….. и змисли сите сеуште постојат и никому не му паѓа на памет да ги гибне. Миланската скала, ако некој ја гибне ќе се смета за ерес. А вие се дрзнувате да размислувате што да правите со Универзална!
Колку сака нека чини реновирањето, реновирајте ја. Да не ви паднало на памет да ја рушите. Таа е Споменик на културата, таа е Споменик на Солидарноста, таа е Историски Споменик, таа е дел од културната традиција на Македонија.

Велиш дека за уште две локации се размислува! Супер. Таму градете си какви сакате сали, но не Универзални. Таа е една и единствена и, ако не знаеш се наоѓа на булевар Партизански одреди.

Знам дека, тоа традиција кај нас, станува збор и за провизии. Ама ич не ме интересира.

Не ме терај повторно со граѓаните на Скопје, а и пошироко, да ја гушкам и да не ви ја дадам Универзална.

Не правете ја истата глупост како битолчани што направија со рушењето на битолскиот театар кој беше културно, па и историски споменик бидејки беше минијатурна копија на Бург театар во кој што 1923-тата гостувала и глумела една од европските театарски величини Сара Бернар.

Толку од мене Петре, а за понатаму збирајте ум оти лошо ќе ви се пишува.

Пријателски поздрав,

BABY MARIN

Trego më shumë
Kthehu në butonin e lartë
sq
mk_MK sq
afër