Спорт

Oдложено Европското првенство во карате за сениори

Поради мерките за заштита и ширење на корона вирусот COVIT-19, Европското првенство за сениори закажано во Баку, Азербејџан од 25-29 март е откажано.

Претходно од истите причини се одложени и следниве турнири:
1. Балканското првенство во карате за деца што требаше да се одржи од 24 – 26 април во Истанбул, Турција.
2. Клубскиот карате турнир Фунакоши Гичин кој требаше да се одржи на ден 14.03.2020 во Скопје.
3. 28миот Медитерански карате шампионат за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кој беше предвиден да се одржи од 03-05 април во Кипар, Никозија

За датумите на одржување на овие првенства дополнително ќе бидете известени.
Повеќе информации на kfm.com.mk и wkf.net
извор/КФМ
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори