Култура

Dj Bazz се приклучува во борбата против КоронаВирус

Останете дома, вкучете се на мојот ди-сеј сет во живо и запознавајте нови луѓе исклучиво на виртуелниот свет!

Младиот Баже од Штип, кој на јавноста и е познат по Dj Bazz и момчето кој го сруши рекордот за нова година во Истанбул пред 250 македонци на брод на Босфор, се приклучува во борбата против ширењето на „Корона вирусот”.

Тој на својот фејсбук профил објави дека во денови кога мораме сите заедно да си помогнеме еден на друг и да не излегуваме од дома без причина, мора да го почитуваме тоа и да внимаваме еден на друг.

Баже додава дека и покрај тоашто саботите се доста важни за сите кои напорно работеле во текот на седницата и сакаат да се опуштат со добра музика и да запознаваат нови луѓе, мора да се внимава на јавното здравје.

„Кога надлежен орган ќе каже да останеме дома, ајде да го почитуваме тоа! Тоа е добро за тебе, за мене, за сите твои луѓе коишто ги позаваш и за сите мои луѓе кои ги познавам. Јас како ди-џеј сум сосема свесен дека по напорната недела сакаме да уживаме во добра музика и да запознаваме нови луѓе. Ајде тоа да го направиме од дома! Вклучете се вечерва во 21:00 на мојот профил, ќе пуштам музика во живо, а вие дискутирајте преку коментари. Замислете дека се наоѓате во тој виртуелен свет каде запознавате нови луѓе преку коментари, а кога ќе се нормализира ситуацијата, ќе може да ги запознаете лично. Споделете го статусот со вашите пријатели, останете дома, бидете општествено одговорни граѓани! Ќе биде подобро! #STAYATHOME”, стои на фејсбук профилот на Баже Стојанов.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10216136216224762&id=1431473024

За да помогне да не се создаваат неформални групи кои самоиницијативно ќе организираат забави на отворено, тој ги покани сите свои фанови и пријатели кои се жедни за добра музика да се приклучат на неговиот фејсбук профил вечерва во 21:00 часот кога тој најави ди-џеј сет во живо.

Истовремено предупреди, секој да остане дома, а разговор да се воспостави исклучиво на социјалните мрежи.

„Ако сакаме да запознаеме нови луѓе, имагинарно да замислиме дека на мојот live dj-set се наоѓаме во иста просторија и разговарот преку коментари е разговор во локалот во кој се наоѓаме.
Сметам дека одењето во дискотека е првично да се слуша добра и квалитетна музика, а исто така да запознаеме нови луѓе. Тоа ќе можеме да го направиме од дома. Сетот во живо, сметам дека ќе привлече луѓе од цела земја, а секој ќе може слободно да коментира, а на тој начин и да запознаваме нови луѓе, кои во иднина ќе можеме да ги запознаеме лично” вели Баже Стојанов.

Баже додава дека, сетот ќе може да го реимитуваат колку што самите сметаат.

Вечерашната домашна журка можете да ја проследите на неговиот фејсбук профил:

 https://www.facebook.com/stojanov.baze1

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори