Социјални Мрежи

DEMOS

УБАВО ЗВУЧИ, НЕЛИ?

 

Убаво звучи , па уште  кога ќе кажеме демократија, лелеее, убајни. Можеби затоа на сите ни се полни устите со зборот НАРОД.
Слушајте ја позицијата и единствено што ќе слушате е: за народот, до народот, како народот и т.н. и т.н.
Ај сега да ја чуеме опозицијата: за народот, до народот, како народот и т.н. и т.н.
Зборувам генерално за сите овие 30 години “самостојност” .
Сите ги слушаме, се воодушевуваме, штракаме, ги извикуваме имињата на говорниците, еј народе, народе.
И кога ќе размислам … кој е овде тој што ни ги полни главите со слаткоречивости, ветувања …
Па ние бе пријатели, ние сме тие кои штракаме. Ние сме тие кои не се почитуваме. Тогаш … зошто некој нас би не почитувал.
Нели ние сме тие кои ги вработуваме: претседателот, парламентарците, министрите!                          Ќе ми каже ли некој, зошто тогаш ние трчаме по нив, а не тие по нас!                                               Зошто сите тие кога ќе седнат на сандалиите, ги исклучуваат телефоните, забораваат на народот, забораваат дека и тие се народ. Е народе, народе … ако сам за себе не водиш сметка и ако самиот не се почитуваш, кој сакаш бе да те почитува?!
И за крај, 58 новозаболени, а ќе бидат и повеќе.                                                                               Зошто!? Затоа што се остави на нашата свесност која за жал ние ја немаме и после чучко ни е крив.
Е па драги мои за да не ни биде чучко крив, нели е крајно време да се разбудиме од триесетгодишниот сон.
Нели е време да помислиме, ако не на себе, тогаш на нашите поколенија.
И не се чудете што сите не лажат. Ќе престане тоа кога ќе престанеме сами да се лажеме.
Од мене толку, па вие видете сега.

ГОРДАНА ЈАНЕСКА- БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори