Во Неготино се одржа настанот,, Вранецот” со нашето традиционално

14,02,2020

Неверојатно голем интерес и масовно присуство на заинтересирани граѓани од повеќе генерации, како и гости од земјава и странство, предизвика настанот,, Вранецот” со нашето традиционално кој се одржа во Музејот на град Неготино.

Фотографија на Тони Делков.

Градоначалникот Тони Делков  со заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, Директорката на Музеј на град Неготино – Драгица Чекоровска и Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов им го честитавме празникот Св. Трифун посакувајќи зачувување на традицијата и збогатување на манифестацијата со нови содржини.

 

Фотографија на Тони Делков.

👥 Присутните имаа можност да дегустираат црвени вина, зелник на баба, раванија, сето пропратено со убава македонска народна песна.

Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов за отворена ја прогласи 16-тата традиционална изложба на резба на членовите на Здружението „Стари занаети” со учество на 11 копаничари кои се претпоставија со над 30 дела

Св. „Трифун“ 2020

Св. „Трифун“ 2020

Gepostet von Тони Делков am Sonntag, 9. Februar 2020