Објавена постапка за изградба на три улици во село Таринци, општина Карбинци

14,02,2020

Општина Карбинци објави постапка за изградба на три улици во село Таринци .

 

Фотографија на Градоначалник на Општина Карбинци - Јордан Насев.
Објавена е постапка за доделување на договор за јавна набавка, за избор на изведувач, за изградба на три улици во село Таринци. Јавната набавка ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор е најповолна понуда.Целокупната тендерска документација, економските оператори можат да ја превземат на Електронскиот систем за јавни набавки.
Доклолку работите се реализираат според планот, се очекува на средината на месец март, да се започне со активностите за изградба на улиците.