Никола Димитров – “Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе”

“Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се китат со перјата). Ми кажа да се обидам да бидам во првата група; таму имало многу помала конкуренција.”
Индира Ганди (1917 – 1984)

Опозицијата не само што не учествуваше во надминувањето на пречката за НАТО членството – решавање на спорот околу името – туку направи и уште прави се’ што може тоа да го оневозможи. Прво, преку антиквизацијата го нагризаа идентитетот дома, а изгубија разбирање и пријатели надвор. Второ, не само што не гласаа ЗА на референдумот, туку се плашеа и да повикаат да се гласа ПРОТИВ. Трето, застанаа до ѕидот во Собранието кога се гласаа уставните измени. Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите… зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија? Се разбира дека не – за товарот нема никогаш да стават рамо, но за ловорики први ќе подадат глави. Тоа не е политика. Тоа во најдобар случај е површно политиканство. Во спротивно, и пореално, тоа е чиста деструкција спакувана во лажен патриотизам.

ПС. Мене ми стана незгодно …

извор/ФБ-Никола Димитров