Македонија

7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори