Колумни

28-МИ МАРТ

СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!

АПСУРД И ДВОЛИЧНОСТ ЧОВЕКОВА

Секоја година на овој датум добиваме препорака во 20,30 минути да ги изгасиме светлата и да, кратко, живееме во мрак, во темнина! Убава симболика при палењето на светлината. на нашето просветлување!

И тоа ни се случува само на 28.03 и толку. Кое великодушие. На Мајката Земја и посветуваме само еден, ЕДЕЕЕЕН ден. На истата таа која со векови, милениуми не штитела од сѐ и сешто. Не штитела со тоа што раѓала растенија кои биле лековити и без кои животот не можел да се замисли. Не штитела создавајки пештери каде ни било овозможено да се криеме од други, непријателски, двоножни животни. Не штитела испарувајки јод од морињата и се грижела за нашето здравје. Каде што немало мориња создавала аеросанаториуми за лечење на дишните органи. Создавала големи пасишта за да можат четвороножните наши жртви да можат да растат за подоцна ние, двоножните ги испоколеме. Создала уште многу нешта кои ние, со нашата иновативна деструктивност ги користиме во изобилие со една единствена цел- да ја уништиме нашата Мајка.

Примери милион. Од измислувањето на тркалото сѐ е тргнато надолу. Се што е создадено е создадено е деструкција на човековиот ум. Новите технологии се користат од нас да направат роботи, да создадат Орвеловска творевина.

Една третина на Планетата е во изолација, нападнати сме од невидлив непријател кој се обидува да не ништи, а ние се чувствуваме беспомошни.

Пред неа, во Австралија, имаше историски пожари невидени во нејзината историја.

За пожарите ни беше виновно сонцето и сушата, а во нашава земја минатата година пожари имаше, можеби, во најмокриот дел од годината. Од кај букнаа, зошто пожари? Како дојдоа, така си појдоа. Ни лук јал, ни лук мирисал.

Подземни проби со атомски бомби, проби со ракети од секој вид низ пустињите. Од време на врем на сред океан ќе се подигне огромен вертикален бран ко да го натерало нешто од под вода! Бомба, што друго. И тн, и тн……………

Последица на многу од горе наведеното се земјотресите, поместувањето на плочите и создавање катаклизмички состојби.

Од горењето на нафтените полиња мама и расплакавме на атмосферата, озонската обвивка решето ја направивме. Обвивка која се смета како „ гардероба“ на Мајката Земја која ние, великодушно, ја славиме само на 28.03.

Кое дволичие, кој гнасотилук на двоножното животно!

Како поткрепа дека станува збор за дволичие е податокот дека над Ломбардија, најиндустриската зона во Италија, озонската дупка е далеку, далеку смалена. Податокот дека воздухот полн со ПМ1,2………10 честички веќе е скоро чист. Авиони се помалку, автомобили се помалку, фабрики скоро  и не работат. Сѐ помалку се загадувачите.

Коронавирусот излезе од Кина, нели? Од областа каде што се наоѓа Вухан, во областа каде е измислен мобилниот Хуавеи и област каде е смислена 5Г, како се вика незнам, ама знам дека за некоја информација од тука за да стигне во Јапонија потребна и е една, ЕДНАААА секунда. Функционира и работи на 240 херци, а човечкиот организам поднесува од 60 до 80 херци. Па сега видете вие. Значи на вирусот со помош на електромагнетски валови доволно му е една секунда да ја посети и Јапонија.

Мама и расплакавме на нашата Мајка.

Се гнасам од мојата дволичност и потреба од конформизам. Се чувствувам сам на себе си одвратен.

А вие?????

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори