Хроника

Чичко осомничен за малтретирање малолетни брат и сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

На 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца на кои им бил чичко. Кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, осомничениот едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомничениот, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз децата со кои е во крвно сродство, како и поради можност да го повтори делото.​

 

извор / јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори