МакедонијаСвет

Честит Велигден за тие кои празнуваат по Грегоријанскиот календар

Драги мои, вчера не беше „католички“ Велигден, вчера беше католички, но и православен, протестански, евангелски … Велигден за тие кои го прифатиле сметањето на времето по Грегоријанскиот календар. Грегоријанскиот календар е календарот по кој се одвива нашиот животен циклус, по датумот и годината на раѓање, по секојдневните активности, се до денот на нашата смрт. Значи ние луѓето на планетава земја, без разлика на која вера и нација припаѓаме, живееме и остваруваме по Грегоријанскиот календар. Ерата на сметање на времето и по Грегоријанскиот и по Јулијанскиот календар се дели на 2: Ерата пред раѓањето на Исус Христос и ерата по раѓањето на Исус Христос.

Јулијанскиот календар, за потребите за сметање на времето е воведен од Гај Јулие Цезар во 45тата година пред раѓањето Христово. Овој календар има 365 и 1/4 денови (триста шеесет и пет и една четвртина). Со напредокот на науката, посебно на физиката и астрономијата, во 16 век по раѓањето Христово, направена е попрецизна пресметка на времето. Бидејќи календарот има за цел да помогне на човештвото во временската ориентација, астрономот Кристофер Клавиус (Christoph Schlüssel) и физичарот и астроном Алојзиј Лилиј (Luigi Lilio Ghiraldi), му предложиле на папата Григур XIII да ги прифати научните факти и да изврши промена на каланератот , кој своевремено бил авторитет што може да спроведи ваква реформа базирана на научните факти, и годината изнесува 365,2425 денови. Разликата помеѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар е во тоа што Јулијанскиот календар има 100 престапни години (фебруари има 29 дена) во период од 400 години (100/400) додека Грегоријанскиот календар има 97 престапни години во период од 400 години (97/400).

Тоа воопшто незначи дека календарот прифатен од страна на папата Григур XIII на основа на научните факти е католички календар, напротив вчера прославуваа Велигден и православните Христијани во Грција, Бугарија и Финска и други помесни православни цркви кои го прифатиле новото сметање на времето, како и Христијаните припадници на лутеранската, методистичката, англиканската, баптистичката, пентскостната црква, така и Христијаните католици. Ако Григур бил папа, Цезар бил многубожец. И двете сметања на времето доаѓаат од Рим, и двата календари имаат иста цел – да се помогне на луѓето во ориентацијата при сметањето на времето. Влигден, пак, во зависност од гледиштето според кој календар, се пресметува врз основа на Пасхалната таблица, и мора да биде после 13 Нисан, согласно luna-solaris (или месечево-сончевата) процесија.

Ова укажува дека погрешно е толкувањето на чествувањето на Велигден според Грегоријанскиот календар како „католички“ Велигден, како и чествувањето според Јулијанскиот календар дека е „православен“ Велигден. Тоа е во нечиј политички интерес да се држи народот во некаква нагласена религиска поделба.

 

 

Дамјан Стојаноски

13/04/2020, 7:58 часот

Шидам, Холандија

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори