Македонија

Честитка за почетокот на преговорите за членство во ЕУ од ко-претседавачката на ЗКК, Јасна Габриќ

Честитки за почетокот на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ пристигнаа и од Јасна Габриќ, градоначалничката на словенечката општина Трбовље со која градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно претседава со Заедничкиот Консултативен Комитет на ЕУ.

Голема благодарност до неа и до сите наши меѓународни партнери со чија поддршка чекориме кон успесите. Во една недела ги остваруваме двете најважни стратегиски цели на чија реализација работиме со децении. Ништо не може да ја помати радоста за испорачаните успеси и обезбедената подобра перспектива. Продолжуваме понатаму, рамо до рамо со нашите пријатели во големото европско семејство, каде припаѓаме.
 
Во продолжение е превод на писмото кое градоначалникот Бочварски го доби од градоначалничката Јасна Габриќ: 
„Драг г. Бочварски, драг Благој, 
Со искрена радост го пишувам ова писмо, иако сите минуваме низ досега невидени тешки времиња. 
Најнапред, дозволете да Ви честитам што стигнавте до уште една позитивна пресвртница на патот кон членство во ЕУ. Јас лично, како и Заедничкиот Консултативен Комитет на Региони ја бараме оваа важна одлука со години, имајќи ги предвид големите постигнувања на Северна Македонија. Почетокот на пристапните преговори ја одразува посветеноста на заедничката агенда на уште подлабоки односи засновани на европски вредности и соработка. 
Важно е ЕУ да покаже доверба и посветеност на проширувањето, уште поцврсто во солидарноста со регионот на Западен Балкан во овие кризни мигови. Ова се одлични предуслови за нашата работа во ЗКК, за кој ми е дадена обврската да бидам негова ко-претседавачка и во наредните две и пол години. 
Ви посакувам сила и добро здравје и очекувам продолжување на нашата одлична соработка. 
Искрено, 
Јасна Габриќ 
Градоначалничка на Општина Трбовље 
Ко-претседавачка на Заедничкиот Консултативен Комитет”
извор/општина штип
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори