Колумни

Транспарентност, што беше тоа…

Ајде некој надлежен, или пак група новинари, нека побараат бројка на издадени дозволи за непречено движење за време на полицискиот час. Сите да видиме колку вкупно се издадени, на кого се издадени и по кој основ!? Устата ни е полна со транспарентност!? Да видиме сите, дека тоа е направено строго селективно, и дека е само за оние кои имаат навистина неопходна потреба да ја поседуваат таа дозвола. Нели, за да помогнеме во борбата против ширењето на пандемијата на надлежните органи. Ама ако испадне дека дозволи имаат и ојле и дојле, тогаш некој ќе мора да одговара.

А знам дека имаат. Јас се залагам за вистинска и бескомпромисна борба против пандемијата, без исклучоци за никого.

Кој ја прави таа контрола!? Знаеме, или немаме контрола!?

Ич не е добро од еден хаос, да правиш друг хаос.

Tomas Jefferson

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори