Социјални Мрежи

ТЕСТ ЗА ЉУБОВТА И СЛОБОДАТА

НЕПРИКОСНОВЕНО ПРАВО НА ЧОВЕКОТ

ФБ СТАТУС НА СИНОЛИЧКА ТРПКОВА

Во основа ковид – 19 е тест за слободата и љубовта. Љубовта како грижа, љубов на дело, почит за нечија состојба, живот. Гледаш колкав е капацитетот (поединечно и колективно) на луѓето да се грижат меѓусебно, но и колку погрешно е разбирана, практикувана и применувана слободата без љубов. Не разбирам каква е таа слобода, во која нема грижа за луѓето!? Секоја држава си има свој уникатен пристап кон заштита од вирусот, согласно разбирањето на слободата и грижата – во пакет. Колку повеќе ја чувствуваш грижата и одговорноста за другите, толку си послободен. Личната слобода е неприкосновено чувство, се’ додека не го загрозува просторот, во случајов – животот на другиот. Искрено верувам дека од овој “затвор” ќе научиме многу повеќе за грижата и љубовта, одошто од сите декларативни слободи до сега!

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори