Македонија

Спасовски: Сите три пакети мерки за поддршка на економијата, всушност во својот фокус ги имаат граѓаните на нашата земја

Спасовски: Сите три пакети мерки за поддршка на економијата, всушност во својот фокус ги имаат граѓаните на нашата земја, нивните работни места и социјалната сигурност


„Сите три сета на мерки кои што ги донесовме се однесуваа на поддршка на економијата, на поддршка на компаниите и на поддршка на работниците и самиот факт дека за април месец се исплатени околу 130.000 плати говори за поддршка на работниците”, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.

Тој потенцираше дека дополнувањата на уредбите во неколку наврати во одредени области беа со цел да им се излезе колку што е можно повеќе во пресрет и на компаниите и на работниците.

„Ова се мерки кои што ги користат или кои што ги носат сите држави кои што се погодени токму сега и од здравствената и од економската криза, ова се мерки кои што треба да помогнат да се ревитализира економијата и да помогнеме на домашната потрошувачка, односно да помогнеме на најранливите категории на граѓани во овие моменти.

Сите три пакети мерки за поддршка на економијата, нагласи Спасовски, всушност во својот фокус ги имаат граѓаните на нашата земја, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарноста, и креирањето амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот, како и да им се помогне на граѓаните со директна помош за поттикнување на приватната и јавната потрошувачка.

 

извор / влада на рсм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори