Македонија

Состојбата со коронавирусот до 12:00 часот:Регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата

вкупно 177 дијагностицирани пациенти

Почитувани,

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид  (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори