Македонија

Советниците од општина Карбинци се откажаа од паушалот

На редовната, 34 Седница на Советот на општина Карбинци,усвоена е завршната сметка на општината, завршната сметка на ООУ“ Страшо Пинџур“ , ЈОУДГ “Кокичиња“ и ЈП “Плачковица“.
Советниците од карбинскиот Совет денеска едногласно ја прифатија Одлуката предложена од претседателот на Советот, Мики Манев , со која се откажуваат од паушалите за наредните две седници.

Gepostet von Miki Manev am Donnerstag, 26. März 2020

Со оваа Одлука се запира исплатата на надоместокот за присуство на членовите на Советот на Општина Kарбинци за првите 2 наредни седници на Советот на Општина Карбинци, а Одлуката се однесува на членовите на Советот кои имаат засновано работен однос на неопределено време, а нема да се применува на членовите на Советот на Општина Карбинци кои се невработени. Средствата ќе бидат уплатени на посебна сметка и ќе бидат искористени исклучиво за справување со кризата предизвикана од коронавирус COVID-19. За потрошените средства и намената за која се потрошени, Општина Карбинци треба да достави Извештај до Советот на Општина Карбинци.

извор/општина карбинци

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори