Хроника

Скопјанец (47) ја избодел својата мајка па ја запалил

Вчера во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници

Вчера во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите.

Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори