Хроника

Скопјанец обвинет за полов напад врз дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно опреелената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото​.

 

извор / јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори