Македонија

Сервисна информација

за состојбата на патните правци

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла има намалена видливост на Попова Шапка до 20 метри и на планинскиот премин Плетвар од 50 до 80 метри.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

 

извор/АМСМ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори