Македонија

СДСМ се нервозни од поразот кој им следи во Битола и цела Македонија

Соопштение до јавноста 

СДСМ се свесни дека во Битола, во цела 5ИЕ, но и во цела Македонија им престои катастрофален изборен пораз и затоа се нервозни. Нервозата ги тера да прават очајни обиди за лична дискредитација на Игор Дурловски. Но таквите ниски обиди на СДСМ нема да ги изманипулираат граѓаните, кои ги видоа на дело неспособноста и криминогеноста на СДСМ
Тоа што им го ветуваа на битолчани и на сите граѓани во 2016 година не го реализираа, затоа што беа фрлени на криминал, корупција и рекет. Еден од функционерите на СДСМ од Битола Васко Ковачевски има кривична пријава за злоупотреба, изнуда и 250.000 евра поткуп од фирма која законски добила тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. Граѓаните видоа и за старските домови како биле земани баснословни суми под сомнителни околности и врските меѓу Кики и Шеки и случајот „Рекет“.
Додека се разнесуваа торби со милионскиот рекет, за кој има сведоштво дека завршувал кај Зоран и Вице Заеви, Битола и цела Македонија тонеа во сиромаштија и бесперспективност.
СДСМ се што ветија излажаа, се што фатија исушија, се што ветуваат пак лажат.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

извор / вмро дпмне

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори