Македонија

РЕФОРМИ ВО ВМРО ДПМНЕ

РЕФОРМИТЕ СЕ ОСУДЕНИ ДА ПОБЕДАТ!

Пред точно 3 години ве повикавме на реформирање, за да спречиме расформирање на ВМРО ДПМНЕ!
Ви кажавме дека ако не се реформираме по брза постапка, ќе ги изгубиме сите избори и на крај ќе се распаднеме! Сега е веќе започнат процес на расформирање на партијата, “граѓанската војна” е во тек, а обидот на Груевски и Мицкоски со наводни реформи да спречат расформирање е повеќе од трагикомичен!!!
Касно е сега дечки! Помина возот!!!
Товење свиња после Божиќ!
Ова е неповратен процес… не може да биде сопрен! Има само една можност, но за тоа во друга прилика!

Што се случува со реформите во ВМРО ДПМНЕ?!?
Многу форма, ништо суштина! Да бидеме озбилни со толку сериозни теми!
Реформите во ВМРО ДПМНЕ опфаќаа три фази: промена на акти, кадри и политики! До овој момент, освен глума за наводни “реформирања” по стоти неуспешен пат од екипата на Мицкоски, ништо суштински не е спроведено!

Акти!
Во новиот Статут на ВМРО ДПМНЕ не се имплементирани ниту 50% од предлозите на Внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ, а изборот на лидерот и неговите момоци, останува по негова слободна волја, без никаква суштинска измена од досегашната пракса!
До сега не е направена измена на ниту еден друг акт на партијата, особено на скандалозните решенија за борба со “домашните предавници и надворешни душмани”!

Кадровски решенија!
Реформи во ВМРО ДПМНЕ може да спроведат само авторите на тие реформи! Никако екипата што сега е во обид да биде “реформаторска”!
Вистината е дека ВМРО ДПМНЕ беше приватизирана во 2010 година, со решенијата на Битолскиот конгрес! Од тогаш, партијата има двајца сопственици – господин Мијалков и господин Груевски и еден советник, господар на мислите, господин Протугер. Се е друго ирелевантно! Што е битно кој ќе биде извршен дирекор на приватната компанија ВМРО ДПМНЕ?!? Ако господин Мицкоски не се покажа за доволно добар менаџер, ќе го заменат со нов, без разлика дали ќе се вика Никола, Александар, Мујо или Хасо! Суштинска промена, вистинска реформа на ВМРО ДПМНЕ е да ја промениме сопственичката структура, а не да заменуваме службеници! После Груевски, лидерите ќе бидат само службеници, а не лидери! За да добиеме лидер, прво треба да ја “национализираме” компанијата ВМРО ДПМНЕ, да ја вратиме во рацете на Македонија, па после да зборуваме за процес на реформирање! Се друго е приказни за мали деца!

Политики!
Комплетниот пораз на Обновата на бандитизмот – обидот за реставрација на груевизмот, чија огрмна заслуга има и граѓанскиот активизам обединет околу платформата Македонски концепт, докажа дека со политики од пред минатите векови, не можеме во иднината! Потрошивме милиони зборови, напишавме илјадници страници, понудивме многукратно поквалитетни решенија, но партијата остана на она што ја уништи, а тоа е антиевропски курс, смешен квазипатриотизам, антинационализам, купи ден продади политики… се на куп, целосно промашена доктрина!
ВМРО ДПМНЕ водено од криминалните палатисти, застана наспроти Македонската Кауза!!!
Реформирање на политиките ќе биде констатирано во оној момент кога ќе се реафирмира идеалот на Илинден и Републиката, за граѓанска држава и граѓанска нација, каде сме сите ние Македонци, за просперитетна македонска држава – тоа е македонската Кауза!

Заклучок:
Од реформите на ВМРО ДПМНЕ, до сега има само 10% реализација во “новиот Статут” и ништо повеќе!
Реформите тек доаѓаат!!!

Господин Мицкоски ревносно ги исполни сите задачи кои ги доби од господата Груевски, Мијалков и Протугер! Целта беше да се спречи правдата, да се спасат криминалците, да се уништи СЈО, да се замени името Македонија за личната слобода на малкумина, а не да се реформира ВМРО ДПМНЕ и да се победи на избори! Во овој момент, во знак на благодарност, господин Мијалков е во мисија да го куртули господин Мицковски и да му го продолжи рокот на траење! Доколку не се покаже за возможно, ќе се промовира “ново лице” за извршен директор, кој ќе клима пред газдите Мијалков, Груевски и Протугер! Што е тука реформирано?!?

П.с. После војна, илјада генерали! Така ми изгледа оваа состојба каде се појавија милион реформатори да прослават за реформиве! Па да имавме толку реформатори за време на реформите, Груевски ќе го симневме за половина ден!

2п.с Особено се смешни оние реформатори кои, не три, туку сто пати се откажаа од реформите… се убија извинувајќи се во палатата што се дрзнале да бидат реформатори… па сега за нив реформите победиле?!? 😀 Вие дечки можете да бидете само реставратори на груевизмот и ништо повеќе од тоа!

РЕФОРМИТЕ СЕ ОСУДЕНИ ДА ПОБЕДАТ!
Само МАКЕДОНСКИ, а не четнички КОНЦЕПТ, е иднината на Македонија и на сите партии, вклучително и ВМРО ДПМНЕ!
Ни следува процес на силно опозиционо организирање на политичката сцена во Македонија!

Петар Богојески 
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори