Хроника

Пронајдени се череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на селото Долно Дупени

Соопштение од МВР 04.08.2020

СВР Битола – Одделението за криминалистичка полиција,во соработка со Единицата за крвни и сексуални деликти од Секторот за општ и насилен криминал во БЈБ и Одделението за крвни и сексуални деликти – СВР Скопје во соработка со ОЈО Битола, изминатиов период превзедоа низа истражни дејствија поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “убиство” по член 123 став 1 од кривичниот законик, извршено во околината на селото Долно Дупени – Ресен.

Имено на 27 и 28 јули пронајдени се череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на селото Долно Дупени. Пронајдените остатоци од телото се подигнати и по наредба на ОЈО Битола се предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница Битола, каде беше извршена обдукција,при што се утврди дека смртта била насилна со испукување проектил од огнострелно оружје во пределот на задниот дел на главата. Извршена е и идентификација на жртвата, и се утврди дека се работи за лицето М.А. (53) од околината на Скопје, Како резултат на преземените изстражни дејствија се утврди дека делото е сторено на ден 30.06.2020.година, а како сторител на делото е осомничено лице од Скопје. Врз основа на резултатите од истрагата, од страна на ОЈО Битола поднесен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а од страна на судија на предходна постапка при Основен суд Битола за осомниченото лице е определена мерката притвор. И покрај определениот притвор се продолжува со превземање дејствија за целосно расветлување на настанот.

 

извор / мвр

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори