Свет

Прогласена е вонредна состојба во Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вечерва објави дека поради состојбата со коронавирусот, донесена е одлука да се прогласи вонредна состојба низ цела територија на Република Србија.

Вучиќ на прес-конференција во Палатата на Србија изјави дека таква одлука е донесена по вечерашната средба на Кризниот штаб СОВИД-19 и Кризниот штаб за елиминирање на евентуалните неповолни последици од заразна болест ЦОВИД-19 во економијата со која претседаваше.

Според него, вонредната состојба стапува во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а потоа ќе има седница на Владата на која ќе биде донесена уредба за итни мерки.

Тој истакна дека Србија денес е во војна со непријателот што треба да го победи, а во исто време изрази благодарност до лекарите и медицинските сестри кои се ставаа на располагање на државата да му помогнат на народот.

Претседателот изјави дека се уште нема смртни случаи на коронавирус во Србија, додека во моментот има 48 заразени.

 

Војската ќе ѓи обезбедува болници, додека полицијата ќе ја следи изолацијата, објасни тој, потенцирајќи дека секој што  ќе ја наруши наредбата за изолација, ќе добие три години затвор.

 

 

 

 

 

 

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори