Хроника

Притвор заради поседување оружје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 19.05.2020 година во својот патнички автомобил Фолксваген голф 5 кој лично го управувал, во просторот под воланот каде се наоѓа механизмот за подесување на висината на воланот, држел огнено оружје – пиштол, марка Берета – Арми Рома со калибар 7,65 мм, во кој имало и рамка со 8 куршуми. Оружјето е пронајдено од страна на полициски службеници на СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес -Скопје, кај наплатната станица Отовица.

Поради опасност од бегство, можност за попречување на истрагата со влијание врз сведоци- сопатниците во автомобилот и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, по предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка на Основен суд Велес на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

 

извор / јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори