Колумни

ПРЕКУ ТАСЕТА МИ Е ВЕЌА

ЌЕ ИМАЛО, ЌЕ НЕМАЛО,ЌЕ БОЈКОТИРАЛЕ

АЈДЕЕЕЕЕ!

А бе нели сваќате дека сте ни дојдени преку глава и навистина, ама баш навистина, доста ни е веќе од вашите препукувања!

Борба водиме со ковидов, ги почитуваме препораките, носиме маски, се протуривме од раце миење, се дезинфицираме нон стоп, водиме сметка за домашните………Зошто? За некој со нас да се заебава?!

Дали сваќате дека полека но сигурно ни станува сеедно дали ќе закачиме вирус или не. Веќе се почесто слушам од луѓе кои викаат: Ние ќе се чуваме, а некои ќе си играат со нашето здравје.

Толку ли оваа ебана држава нема капацитет да се справи со неисполнувачите на уредбите?

Или јас сум глуп, или чорапите ми смрдат. А чорапи не поднесувам, не носам. Значи глуп сум!

Има ли во оваа Недојдија полициски наредбодавачи кои ќе превземат мерки против оние кои се безобразно недисциплинирани?

Или на министерот, иако технички, се курчи ко да го фатил Бога за брада. Извини Наќе ама не сум осетил дека си ме фатил за брада. Да, да мене, бидејки јас сум твојот Бог и јас сум тој кој те вработил и ти давам секој месец, и тоа охохоооо, плата. А бе твоја должност се изборите и ништо повеќе. Е сега, кога имавме к,смет под твоја команда да не бапне коронава, наша среќа. Ебати среќата.

Или можеби од Будимпешта добиваш наредби да не и се мешаш на коронава за да се зголеми бројот на заболените, да испоцрка народот и да имате алиби да бојкотирате избори, а? Што моќник ќе беше тој Орбанецот Гвујо?!

Се курчите со информации дека незнам колку прекршители сте фаќале, ама не чув дека некој од нив го кркал. Ах индиска полицијо, ах индиски пендреку кај сте. Преку потребни сте ни сега.

По селата од корона умираат луѓе редовно, ги закопуваат и вие Жандармерио фуфка ви е да им отидете и да проверите од што умреле!

Фуфка ви е да отидете на пластичарската и да затворите најмалку осум заразени  дуќани! Кај се надвор од фискализацијата па уште и вирус ни „распродаваат“.

А бе господо имајте малку милост према медицинарите. Изгинаа луѓето од работа. Дома не си ги виделе најблиските. Не, не, не е дека не одат дома. Одат. Ама веднаш одат во некоја соба најблиска до излезната врата во самоизолација да не и донесат на фамилијата вирус. Како не ти е срам и жал бе Наќе? Арам да ти е!

И зошто? За да се поместел за осум дена датумот на изборите!!!

Ај некој паметен, бидејки јас признав дека су глуп, да ми објасни што суштински ќе се промени во тие осум дена? Или тоа некоја висока политика?! Кога ги гледам колку се „високи“ нашиве политиканти ич не ми се верува дека станува збор за таква политика.

Што сакате бе пичка ви материна? Анархија? Па прво прочитајте го Бакуњин па ќе видите дека во вашето однесување нема ни А од анархија. Немате капацитет ни племе да водите. И таму постои хиерархија. Вие можете да бидете само дел од дива орда каде не се знае кој пие, кој јаде.

Во целиот овој хаос А:А ми се заканува за премиер албанец. Се согласувам. Се согласувам, ама дури тогаш кога тој потенциален премиер ќе ме убеди дека Македонец од албанско потекло и кога кампањата ќе ја водите низ целава земја, а не само Тетово, Гостивар и околните села.

И престанете да не шупчите со вашите популистички пароли.

Вашата грижа за мене и моето здравје веќе стана невкусно патетична.

Жмицко ќе се грижел за мене, а се ака по теретани и затворени кафеани. Како не ти е срам бе татино синче. Вака ли те учеше тато, вака ли те воспитуваше за да правиш и лупаш глупости?

А бе ајт у пизду материну сите.

Преку Тасета сте ми дојдени.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори