Спорт

Пред 18 години КОМЕТАЛ ШАМПИОН !!!

Ова се случи пред 18 години! Зар е можно? Беше тоа ден, тоа беше ноќ за незаборав. Секој секого сакаше, немаше поделби, немаше една или друга партија. Немаше енклави (модерен израз). Никогаш толку бакнежи не сум добил како таа ноќ која, по народ, личеше на ден. Сирени, песни, пиво се точеше на сите страни. Која мајка изгубила дете ќе го најдеше во Кампинг каде беше централната прослава. Многу сум горд дека бев директен сведок на шампионската титула, но и во исто време најтешко. Да седиш на записничката маса, со микрофон во раце како официјален спикер, а да не смееш да навиваш. Правилата беа строги. Дури и за нас имаше картони, исклучувања. Фармерките и тексас кошулата ми беа како кожени бидејки од мене течеше вода и немав сила да се радувам. Едноставно, го оставив микрофонот, се потпишав некаде и заминав во непознат смер. Се движев низ Скопје со помешани чувства на радост и тага. Знаев дека една осум годишна епопеја завршува и за жал би така.

Марин Гермов Бабиќ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори