Македонија

Првиот Албанец премиер оддржа конститутивна седница пред Влада

Мои сограѓани, драги браќа и сестри!
Кога кандидатурата за првиот премир – Албанец, во основа имав две важни, но исто така едноставни водечки мисли: да ја искористам оваа историска можност, да направам добро за албанската заедница и да направам добро за целата земја.
Пред неколку дена во Преспа, изјавив дека првиот премиер – Албанец може да биде голем чекор напред не само за нашата заедница, туку и за Северна Македонија. Ако сакаме подобар живот за себе во оваа земја, подобра шанса за идните генерации – треба да го промениме начинот на кој се прави политиката овде, треба да ја уништиме биполарноста на двете најголеми македонски партии. Во оваа студена политичка војна, во оваа постојана војна меѓу тесните групи од интерес, никој не победи. Многумина извикуваа победа – но никој не преовлада.
Сепак, едно е сигурно: дека ние, граѓаните, и Македонците и Албанците изгубивме. Ако не го запреме ова, за жал не само што ќе се изгубат битките од минатото, туку ќе се изгубат и битките за иднината. Затоа, ги повикувам сите оние кои не се вклучени во политиката и сите оние кои мислат дека заслужуваме подобро како граѓани, и како земја – да ја поддржат идејата за непартиски премиер.
Ни треба нов вид лидерство што ќе ви служи вам, а не на партиите.
Денес, стојам пред вас со мојот план: непартиски план што ќе ви служи вам, а не на партиите. Тоа е добар план за нашата заедница и за земјата. Ова не е изборна програма, не е збирка ветувања – има 25 конкретни иницијативи и чекори. Ова се моите приоритети за првите 100 дена од мандатот како Премиер. Ова се мои ветувања до вас, граѓаните на земјата. Нема генерички фрази, нема политички пароли, без замоци од песок во воздухот. Но затоа има конкретни, искрени и достижни мерки што владата мора да ги преземе што е можно поскоро во областа на економското закрепнување, заштитата на работните места, образованието, развојот на инфраструктурата, правдата и еднаквоста.
Ве молам, дозволете ми накратко да ги претставам 5-те столба на овој (владин) акционен план. Наша должност е да создадеме општество на шанси, каде етничката припадност повеќе не е ограничување. Ако сте Албанци, Турци, Босанци, Роми или Власи, ова е вашата земја, ова е вашиот дом исто така. И мора да го чувствувате тоа, и мора да бидете горди на тоа.
Мојата главна цел е да постигнам нешто важно, нешто што го баравме со години: да се биде член на етничка заедница е предност, а не инвалидитет. Место на еднаквост – тоа е она што го сакаме. И тоа е столбот и првата обврска на мојот план за акција.
Македонците не треба да ја гледаат еднаквоста како закана. Никој не сака да земе ништо од нив – напротив, еднаквоста ќе им служи на сите нас и ќе ја придвижи нашата земја напред. Моето силно верување е дека она што е добро за Албанците во оваа земја е добро и за Македонците.
Оваа прва заложба содржи 5 конкретни иницијативи:
1.    Моја работа како Премиер е да донесам и имплементирам консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност. Ова значи дека 10-те стратешки државни институции ќе управуваат заеднички од еден Македонец и еден Албанец, со заеднички права за потпишување.
2.    Ќе се грижам за еднаква дистрибуција на јавните инвестиции. Ова значи дека главните економски одлуки (буџет, инвестиции, даноци) од страна на владата не можат да бидат донесени без поддршка од мнозинството членови на албанскиот кабинет.
3.    Знам дека она што ќе го кажам сега ќе ви изгледа смело, но мора да имаме храброст, доверба и почит да продолжиме напред на патот кон вистинската еднаквост. Исто така, верувам дека оваа иницијатива ќе им служи не само на Албанците, туку и на Македонците. Предлагаме да има задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, почнувајќи од 5-то одделение.
4.    Почитувањето на сите значи да се почитува меѓусебната култура, вредности и историја. Предлагам 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, да се прогласи за национален ден.
5.    Еднакво место значи дека ние ја почитуваме мултиетничката и мултикултурната разновидност. Затоа предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира оваа разновидност – затоа што овој симбол не треба да биде симбол на исклучивост и нееднаквост, туку на сеопфатност и еднаквост.
Втора заложба
Благосостојбата на нашите граѓани зависи пред сè и од нашето економско раѓање – можноста на владата да преземе одредени мерки за да им помогне на сопствениците на деловни активности и да ги заштити вработените. Ова е втор столб на мојот план за акција. Моите предлози во овој поглед се јасни и едноставни: државата треба да помогне и да обезбеди субвенции за сите оние кои сакаат да работат и да создадат работни места.
6.    Итно ќе иницирам политика за нула даноци. Што значи: нула данок на добивка за три години за секој вработен за прв пат под 35-годишна возраст; и нула даноци за компании за три години за секое самовработено лице под 35-годишна возраст.
7.    Исто така, мора да ја продолжиме нашата борба за економска еднаквост. Така, јас ќе предложам Владата да субвенционира 50% од социјалните придонеси за секое ново вработување што ќе го подобри фер претставувањето на сите етнички заедници во приватните претпријатија.
Моето ветување е пред граѓаните, а не на партиите. И ова го кажувам гласно и јасно дека сите (секој политичар, избран или назначен функционер и државен службеник) разбира: ако државата сака да ја врати довербата на својот народ – таа мора да се промени себеси, не граѓаните. Државата постои за своите граѓани – не обратно.
Задачата на секој одговорен политичар е постојано да работи за безбедноста и благосостојбата на граѓаните. Четвртиот столб на акциониот план е дека: ние сакаме подобар живот за нас, за нашите деца и внуци. Ова е она што нè мотивира да се кандидираме за јавни функции. Имам список на конкретни предлози што можат да помогнат да се постигне ова во краток временски период. Дозволете ми да издвојам само три за сега и ќе им дозволам на моите колеги да ги објаснат понатамошните деталите.
1.    Знам дека економската благосостојба е суштинска, но јас силно верувам дека времето кое го поминуваме со нашите најблиски може да нè направи подобри луѓе, а исто така може да ја подобри и нашата продуктивност. Затоа предлагам воведување флексибилно работно време во текот на неделата и половина работен ден во петок.
2.    Треба да донесеме закон со кој се забрануваат казината и игрите на среќа во далечина од еден километар од училиштата, црквите и џамиите.
3.    Почитувањето на оние кои работат за нашата иднина мора да биде далеку поголемо од ракување или само диплома. Затоа, ние мора да направиме финансиски напор да ги поддржуваме овие луѓе: да не ја напуштат земјата, да ги извршуваат своите работи правилно, да го заштитат нашето здравје и иднината на нашите деца. Предлагам минимална плата од 600 евра за секоја медицинска сестра, наставник и учител.
Логично никој не може да негира дека една од најголемите закани за постоењето на нашата нација, е миграцијата – дека младите, кои се активни, ја напуштаат нашата земја за подобра иднина. Многумина зборуваа за тоа, но никој навистина не излезе со конкретен и можен план за да се спротивстави на ефектите од овој болен егзодус. Не ме сфаќајте погрешно: Не велам дека можеме да го запреме ова, или дека можеме да направиме чуда. Не можеме. Но, она што сум целосно сум решен да го сторам, е да го направам ова прашање, еден од главните приоритети на мојот мандат како Премиер и да започнам со имлементација од првиот ден. Петтиот столб на акциониот план им дава шанса на сите нови семејства. Ова не е астролошка наука – ние треба само храброст и политичка волја и солидарност да го сториме тоа.
4.    Како прво, ќе го измениме законот за образование и ќе воведеме задолжително предучилишно образование, заедно со амбициозен план за реновирање и изградба на градинки во секоја општина.
5.    Ќе обезбедиме грант од 20 000 евра навреме за секој нов земјоделец под 35-годишна возраст.

Дојдов пред вас денеска со овој план и чувство на обврска. Го прифатив назначувањето да бидам првиот премиер Албанец со исто чувство на обврска.
• Обврска за создавање општество за нашите деца, каде можат да живеат во мир и просперитет, каде ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што имаат еднакви можности.
• Обврска да се изгради место каде што нашите деца нема да имаат потреба да емигрираат, затоа што ќе имаат исти или дури и подобри можности овде, каде се родени и каде имаат дом.
• Обврска за промена на политиката во оваа земја. Да се стави крај на дуополот на моќта што ја задржа нашата земја заглавена во политички војни и економска регресија.
Пред неколку денови во Преспа, на почетокот на оваа кампања, реков дека големите достигнувања секогаш започнуваат со големи соништа. Заедно, ние ќе ја направиме Северна Македонија земја каде сите граѓани се еднакви, каде Албанците можат да постигнат сè. Дури и да станат премиер.
Но, овие избори не се за мене да станам Премиер. Идејата е многу поголема од кандидатот – а нашиот план е многу поголем од самата функција. И тоа е добро, затоа што така треба да биде. Не само сега, туку и во иднина. Ви благодарам за довербата и ви благодарам што ми помогнавте да го спроведам она што сега е само на хартија. Ајде да ја напишеме историјата заедно!

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори