Хроника

Постапки за прекршување на полицискиот час против вкупно 43 лица во Скопје

Во текот на денешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 38 предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест COVID – 19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

 

извор/јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори