Македонија

Повисока социјална помош за 34.000 домаќинства

нови 777 социјални станови, повисок додаток за лицата со попреченост е понудата на СДСМ за престојните избори

Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се насочени кон поголема грижа за сите граѓани и обезбедување достоен живот за сите.

Од општество во кое се газеше врз достоинството на луѓето, станавме општество во кое се помага и се грижи за сиромашните и ранливите, држава во која сите  имаат еднакви права.

Но, СДСМ верува дека секогаш можеме можеме уште повеќе и уште подобро.

Затоа во  следниот четиригодишен мандат СДСМ продолжува со уште поголема динамика и конкретни политики да се грижиме за оние на кои им е потребна помош.

Во таа насока е и зголемување на опфатот на приматели на социјална помош на 34.000 домаќинства и приматели на детски додаток околу 65.000 деца до крајот на следниот мандат

До 2024 година, со предучилишно образование ќе бидат  опфатени  60% од децата на возраст од 3 до 6 години и 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Додека пак, сите деца од семејствата со ниски приходи ќе бидат ослободени  од плаќање партиципација за градинка

За најранливите семејства и младите брачни парови предвидена е изградба на 777 социјални станови . Со новата програма, во 2021 година се зголемуваат и  додатоците за сите права за попреченост за 15%, како и намалување на границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години.

До 2024 година нема да има ниту една јавна институција без пристапна рампа на својот влез.

Во насока на поголема помош и поддршка  за највозрасните граѓани, предвидени е  отворање на три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип.

Како и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.

Ова се само дел од мерките што ја потврдуваат грижа за сите граѓани.

СДСМ останува посветено да работи во насока на градење на  фер и праведно општество кое се темели на принципи и вредности и еднаква грижа.

Затоа што сите заедно можеме уште повеќе и уште подобро!

 

извор/сдсм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори