Колумни

ПОВИК ЗА СОЛИДАРНОСТ

ЕВЕ ШАНСА

Во Македонија има поприличен број на имотни граѓани, со дебели сметки, со високи плати, со очигледен луксузен начин на живот. Очекувам и барам, инсистирам, сите да одвојат значителен дел од нивното напластено богатство и да го донираат за борба со вирусот, но и за борба со страшната рецесија што следи. Доколку е чесно заработено, значи дека се способни, па брзо ќе го надокнадат донираното. Доколку е крадено, еве им шанса да се искупат и пред народот и пред себе. Зашто кармата е лоша работа. И убаво би било да се објавуваат донациите, не за да им броиме колку пари имаат, туку за да поттикнат и други а и за да влеваат надеж кај народот.
Друштво, дојде време кога сите сме еднакви, вирусот не бира по ниедна основа, ризикот е кај сите нас. Парите немаат вредност, пасошот нема вредност, нема каде да се бега, нема ни што да се купи. Сега, сите купуваме само храна.
Верувајте, само со ваков потег ќе покажеме дека сме зрели и како народ и како општество. И само така ќе можеме да продолжиме.
Не смее никој сега да мисли ниту на профит, ниту на личниот интерес.
Ве молам, првичниот шок помина, ајде сега да поттикнеме лавина на солидарност и да излеземе посилни од ова.

МАЈА БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори