Македонија

Побеле река Брегалница по течението низ Штип

Денес некаде околу 18 часот реката Брегалница доби бела боја. Сите луѓе кои се шетаа по патеката покрај реката беа видно вознемирени од глетката и миризбата која се ширела и која преставува голема еколошка катастрофа.

Инаку овие слики и видеото се направени кај новиот метален мост на Брегалница во Штип веднаш до бунарите на ЈП Исар.

видео:

http://https://www.facebook.com/idealno.co/videos/1166203217077827/

Еве за оваа стрврно загрижувачка состојба кажа Градоначалникот Бочварски:

Крајно вознемирува сликата од коритото на река Брегалница во моментот.
Веднаш по добивањето на информацијата бев на терен и пријавив до надлежните инспекторати со цел брзо откривање на сторителите.
Од таму сум информиран дека се земаат мостри од водата, а крим техника веќе работи на откривање на сторителите.
Во акцијата е вклучено и спортско риболовното друштво “Брегалница 2011” од Штип.
После констатацијата на состојбата од теренот барам да бидат изречени најстроги казни за сторителите.
Се надеваме дека сторителите на ова дело ке сносат одговорност.
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори