Хроника

Парична казна за три лица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од нив се движеле со патничко моторно возило, патувајќи од с. Липково кон с. Гошинце, кумановско, за време на полицискиот час.  Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Третото лице за време на полицискиот час управувало со трактор во близина на с. Романовце.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

 

извор/јорм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори