Македонија

Општина Штип-20 мај ден на пожарникарството во РСМ

20 мај од осамостојувањето на нашата држава во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарството.

 

За жал поради ситуацијата со Корона вирусот денот беше одбележан без манифестацијата од страна на ТППЕ-Штип .

,,ТППЕ-Штип има 24 часовно дежурство и сме отворени за сите повици. Во овој период активно се вклучивме  во борбата со Корона вирусот со дезинфекција на јавно прометни површини, плоштади, станбени објекти.” изјави командирот Тони Атанасов

Денот на пожарникарите но и јубилејот 100 години од постоењето на ТППЕ го честита и лично градоначалникот Бочварски со неговата посета на ТППЕ-Штип.

б.jpg

 

,,Имам огромна чест да го честитам денешниот ден на пожарникарите ,а воедно и 100 годишнината од формирањето  на ТППЕ -Штип. Огромна благодарност до нашите пожарникари кои освен нивните редовни активности обавуваа сериозни задачи во справување со Корона вирусот затоа што беа во првите борбени редови со нашите волонтери и  Јавните претпријатија.

Пожарникарите со нивното знаење и стручност во овој период постапуваа по  насоките  на Штабот за заштита и спасување  и допринесоа да се стиши пандемијата во градот.

Сакам да ја информираме јавноста дека веќе имаме аплицирано за ново специјализирано возило за ТППЕ со проект за прекугранична соработка со нашите партнери од Бугарија. Во наредните месеци ја очекуваме завршна фаза од апликацијата и распишување постапка за Јавна набавка.

Во иднина посакаувам да славиме уште поголеми јубилеи со што помалку интервенции”

 

извор / општина штип

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори