Македонија

Одбележување на 107 години од Брегалничката битка

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со делегација од Општина Штип присуствуваше на одбележувањето на 107 години од Брегалничката битка кај месноста Каленица.

На овој настан присуствуваа и делегација од Република Србија, односно Амбасадорката од Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и претставник од Владата на Република Србија.

„Денес светот е во една поразлична борба, исправени сме пред голем здравствен предизвик кој е тест на нашето однесување.

Оваа пандемија или вирус не бираат вери, нација или религија, па затоа нашата сплотеност е клучот за победа.

Овие битки кадешто многу наши сограѓани го изгубиле живото за слободата, треба да не учат за да не се повторуваат,” истакна Бочварски.

Амбасадорката Томиќ која после 11 години на позицијата Амбасадор во нашата држава заминува во пензија истакна огромна благодарност за убавиот амбиент, соработката и добриот прием.

„Ќе продолжиме да сораборуваме и да градиме добрососедски односи, заеднички да чекориме кон нашата стремеж, а тоа е членството во ЕУ,” истакна Томиќ.

 

извор / општина штип

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори