Македонија

Огромна подршка за Максим Димитриевски

и општинскиот кризен штаб на Куманово

На социјалните мрежи како и на сите контактни емисии градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски добива огрома подршка за брзо закрепнување и што побргу да излезе на терен и да продолжи со борбата против COVID-19.

Продолжуваме со дезинфекција на улици, јавни прометни површини и стамбени згради на цела територија на Општина Куманово.

Продолжуваме со дезинфекција на улици, јавни прометни површини и стамбени згради на цела територија на oпштина Куманово. #ОстаниДома #StopCorona

Gepostet von Maksim Dimitrievski am Freitag, 17. April 2020

Иако Максим заедно со  општинскиот кризниот штаб тражеа  најригорозни мерки за Куманово,на терен се преземаа сите мерки се помагаше  на секој макотрпно се бореше против овој вирус но сепак некој си дозволи да го критикува еве ја и неговата реакција:

Со оглед на тоа што во јавноста излегоа голем број информации за тоа дека наводно јас и членовите на општинскиот штаб сме биле неодговорен кон заедницата би сакал да ја дадам следната изјава:

– Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.
Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво.
Средбата се оствари за дополнително брифирање на владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која укажуваме со недели.
Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите но државме препорачана дистанца.
Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивени тестови од членовите на штабот но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести како досега не бевме оценети како ризични бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус.
– Куманово е град каде има најголем број случаи според број на жители, секој од нас носи одговорност, јас најголема и поради тоа барав од Владата со недели да бидеме изолирани.
Истрата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност.
Не сакам оваа ситуација да прерасне во јавна дебата без потреба, мора да се сконцентрираме и сите заеднички да ги насочиме силите и да ја поразиме епидемијата.

 

Му посакува брзо опоравување на градоначалникот Максим Димитриевски и огромна подршка до него и неговит тим.

 

 

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори