Македонија

Николовски : Го спасивме Истокот и целата држава од рудниците на смртта

Николовски од Свети Николе: Го спасивме Истокот и целата држава од рудниците на смртта, нема да дозволиме некој повторно да ја загрози животната средина

„Го слушам мојот противник овде во третата Изборна единица, најавува дека рудници ќе отворале на Истокот.  Буквално не знаат што зборуваат. Владата не отвора рудници, туку дава концесии. Ние, заедно со Вас граѓаните се боревме  да ги спречиме ваквите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го заштитиме Осоговието, ќе го заштитиме Истокот, вакви рудници на смртта нема да има, ќе има здрава и одржлива животна средина. Ова го порача Љупчо Николовски, генерален секретар и носител на ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата „Можеме” на синоќешната трибина со граѓаните од Свети Николе.

Тој рече дека СДСМ се обврзува дека минималната плата од сегашните 14.500 ќе порасне на 20.000, а просечната плата ќе порасне на 34.000 денари.

„Ќе растат платите во сите сектори, во здравството, во армијата, во образованието. Кон шпензионерите имаме голема почит, ќе растат и пензиите. Во следниот мандат 21 процент ќе биде зголемувањето на најниските пензии. Домаќински работиме и затоа има пари за се. Затоа ги решивме и стечајците, затоа ги зголемивме грантовите за младите земјоделци од 10 на 20 илјади евра”, рече Николовски и додаде дека со правилно работење успеавме да станеме лидер во искористеност на ИПАРД фондовите, а ни се закануваа од ЕУ дека ќе ни ги одземат акредитациите оти не сме ги користеле овие фондови.

извор / сдсм

 

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори