Колумни

НЕ МЕ БРАНЕТЕ, АМАН

МНОГУ БОЛИ БЕ ЛУЃЕ

НЕ СТЕ СВЕСНИ КОЛКУ БОЛИ

Во ова време невреме немајки што да се прави освен да се занимаваме со глупости. Глупоста значи гледање на тв!

Слушам, не гледам, чаршиски муабети на двајца од две партии. Знаете кои се тие партии.

Уф, добро е. Туку што им заврши „шоуто“ кое мораше да има крај. Шуќур

Ги слушам и не ми се верува дека цело време ме спомнуваат. Да не се разбереме погрешно. Мене како граѓанин, а не по име.

Две „ѕвезди“ цел саат имаа свој настап на тв. Саат кој секоја вистинска ѕвезда би го посакувала.

Свесни ли сме до каде сме стасале? Свесни ли сме на кое ниско ниво сме спаднале?

Свесни ли сме дека ова е обид на манипулација и обид да си ја потврдиме сопствената глупост?!

А бе, господо и од позицијата и од опозицијата ако толку сте загрижени за нас, обичните смртници, ај прекинете да не занимавате со вашите предизборни кампањи.

Господо од опозицијата, имавте 11 години период да ја доведете државава во нормална состојба. Бевте критикувани од тогашната опозиција, мува не ве лазеше и одеднаш се освестивте и почнавте „ дебело“ да сте загрижени за се за што бевте критикувани многу години, Мува на ве полази и не ви пречеше стиропорот да го претсавувате како мермер, даварчите пари на палми, врби и неприроден, за нас барок. Исековте се што е дрво и што ви беше пред очи.

И одеднаш до вас, конечно, допре сето она за кое ве критикуваше тогашната опозиција! И ви се допадна, нели? Што убаво било да си опозиција и да не понесуваш никаква одговорност.

Во нормална држава секој изречен збор, дали позиција или опозиција, треба да сноси одговорност.

Но, за жал, кај нас ништо тоа не важи бидејки, дефинитивно, ние не сме нормални.

Затоа вас „нормалните “ ве молам престанете да ме браните и да се грижите за мене.

Како знам и умеам ќе се снајдам некако.

Губитник сум веќе скоро триесет години!

Кај толку, еби му мајката, ќе издржам уште едно шеесет години. Нема лесно да се куртулите од мене и од мојата семка.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори