Социјални Мрежи

НЕЛОГИЧНОСТ ХХХХХХ

ЖИВОТ-ХИБЕРНАЦИЈА, ХМММ!

Многупати сум се фаќал и сум влегувал во дуел, внатре во мене, со еден феномен човечки-МОЛЧЕЊЕ!
Севишниот ни дал уста, јазик, гласни жици, а ни дал како круна на сето ова предходно МОЗОК. Е , добро де, некому повеќе , некому помалку, ама сепак дал, бил дарежлив.
Арно ама, дали сме си поставиле прашање колку, каде и кога ја користиме таа благодет?!
Изгледа дека не. Изгледа дека живееме по линија на помал отпор. Живееме во молчење, во самозамолчување, и сето тоа го правиме само со една единствена цел ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ, па макар и како било. Дали тоа се вика живеење, или вегетирање, хибернација??!!                                             Имам чувство дека луѓето се повеќе вегетираат, си заминуваат во вечната тишина поминувајки го животот во тишина.
Нема ништо пострашно од таков живот.                                                                                               Таквите не го живеат животот, тој поминува покрај нив, дури и не поминува ни покрај нив.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори