Македонија

На иницијатива на премиерот Спасовски се одржа состанок на економскиот совет

ад-хок тело за насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, денеска се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници стопанските комори и на опозицијата.

На состанокот учествуваа и заменичката на претседателот на Владата задолжена за координација на економските ресори Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Учесниците на состанокот на економскиот совет, на кој денеска учествуваа Таки Фити, Абдулменаф Беџети, Зоран Јовановски, Фатмир Бесими, Трајко Славевски, Гордана Димитриеска Кочоска, Никола Поповски, Ванчо Узунов, Светозар Јаневски, Павле Гацов, Борче Треневски, Марјан Петревски, Андреја Јосифовски, Виктор Мизо, Драган Тевдовски, Предраг Трпевски, како и претставниците на стопанските комори Даниела Арсовска, Бранко Азески, Анета Пешева и Неби Хоџа нагласија дека најважниот фокус на мерките за поддршка во справувањето со последиците од коронавирусот треба да финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор.

Премиерот Спасовски во завршниот дел од состанокот се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките, и рече дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.

 

извор/влада на рсм

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори