Колумни

НА „ИВИЦА“ СУМ!

УШТЕ „МАРИЦА“ МИ НЕДОСТАСУВА

ЧУМУ ВИ БЕШЕ ОВОЈ ЏАНДАРСКИ ПЕРИОД!?

Веќе завлегуваме во третиот период од ЕПИДЕМИЈАТА наречена ПАНДЕМИЈА. Период во кој полека но сигурно свикнуваме да живееме и го прифаќаме т.е прифаќавме како неминовност за да се заштитиме, односно да ги заштитиме оние со покревко здравје чии имунитет е на ниско ниво. Одлично. Тоа во меѓучовечките односи се нарекува СОЛИДАРНОСТ. Се солидаризиравме за да таа категорија ја заштитиме. И почна добро да ни оди и беше така се додека се слушаше и последен беше зборот на Министерот за здравје и неговиот кризен штаб. Велам беше! Зошто? Зарем веќе не е?!

Изгледа дека не ќе е така.

Не може едно министерство без логична подршка на друго министерство да ја спроведе својата тактика до крај.

Зошто го пишувам ова?

Се прашувам бидејки си дадов ветување и себе си, а и на моите блиски дека ќе бидам мирен и нема да реагирам и „пукам“ по некои структури во јадна ни земја.

Ќе продолжам со обраќање до „ЖАНДАРМЕРИСКИОТ ЏЕНЕРАЛ„ и сакам да му поставам неколку прашања:

А бе Џенерале, прво ќе те прашам колкав ти е коефициентот на интелегенција? Свесен ли си дека во ова време невреме ТИ, покрај Министерството за здравство и неговиот кризен штаб составен од врвни епидемиолози и инфектолози, си единственото министерство кое требаше или би требало да му дадете логична подршка со зачувување на мерките, уредбите (наредби) издадени од истото.

Што правите бе вие таму и што к…в ми правите освен што се чешлате секое утро со патецот на среде?!

Имате ли ум бе Џенерале? Никаде ве нема! На почетокот знаевте да дигате ука бука за ненарачани лични исправи. Направивте паника меѓу народот дека ќе останат без пасоши, лични карти…….. Секој ден те гледав бе Џенерале како самобендисано држиш пресови и го обвинуваш претходниот за таа состојба, а во исто време криевте по фиоките илјадници примероци од тие исправи. Важно ти беше да плукаш на сите страни не водејки сметка од кај дува ветрот и дека плунката може тебе да ти се врати. Се иск…и со високи казни за оние што не ги спазуваат уредбите (наредбите) за време на полициски час! Колкумина казни бе Џенерале, колкумина прати на суд и врз колкумина се извршени санкции? Или важно ти беше да ни соопоштуваш катадневно колкумина ги прекршиле уредбите и дека ќе бидат казнети! Ова ти беше само маркетинг бе Џенерале или толку ти сече мозокот.

Џенерале, а не само ти туку и некои попови меѓу вас (власта), уцвикавте од редовните закани кои ги добивавте од разни религиозни типуси сликани со џипови или калашњикови!

Како не ви е срам и кој ви дозволи на стручни лица да им ги преправате уредбите и да си носите свои уредби правејки компромис меѓу џиповите и калашите.

Стручните лица ви кажаа дека полицискиот час треба да започне во саботата на 23-ти и да трае до 26-ти до 05 часот наутро. Вие им рековте НЕ и го испоцепкавте како што ви пр..а на паметот или ви се заканија па уцвикавте и од полицискиот час направивте кармакараши. И кој ви беше ефектот?

Во поедини општини никој и никако не ги спазуваше уредбите, напротив јавно на улица со по два реда маси се славеше нешто кое е семејна прослава. Овде имавме колективна опаљотка. Вие тоа го знаевте, никој не ви пријави масовни собирања и ништо не превзедовте!

Трошевте гориво купено со мои пари и шетавте низ општини каде за време на уредбите се случуваа корза, растрчувања, веселби ко да се слави некоја победа. Е да, пресноебецот КАЛАШ објави дека ја победил короната.

Шетавте со колите, ја гледавте целата таа булумента и ништо не превземавте како да си вршите рутинска контрола!

Во еден град дозволивте, не само во еден, шетање и перчење на џипаџиите по улици следени од буљук народ, а вие само мирно гледавте за да не сте ги навределе нивните религиозни чувства. За причесната од едно лажиче несакам и да зборувам.

Денеска е понеделник и дали има некој паметен да ми објасни зошто сме во полициски час? Зошто кога вчера немаше полициски час од 05 до 11 часот! И што?! Мислите дека сме недоветни и не знаеме зошто го немаше! Нема да дообјаснувам. Кого го интересира нека си провери.

И за крај Џенерале дали тоа ти е добиена наредба ИЗ ИНОСТРАНСТВА како да се направи обид да се саботираат изборите.

Па да всушност. Вам ви одговара безвластие..

П.С Нека ми простат искрените религиозни и од едната и од другата религија и дозволете ми да ви ги честам двата Празника, Рамазан Бајрам и Св Кирил и Методи.

МАРИН БАБИЌ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори