Македонија

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат

во соработка со Црвен Крст се делат заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците

Министерството за труд и социјална политика информира дека четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица.

Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, во Скопје функционира и медицински пункт во Момин Поток, во организација на Црвен Крст. Хигиенски производи се дистрибуирани и на бездомните семејства сместени во Визбегово.

Дополнително, Министерството преку центрите за социјална работа организира акција за набавка и дистрибуција на средства за дезинфекција и заштитни средства за семејствата кои живеат во субстандардни услови.

извор/Министерство за труд и социјална политика

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори