Македонија

Модуларна монтажна болница со капацитет од 40 до 130 болнички кревети

До Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби

Почитувани,

Со оглед на состојбата со коронавирусот COVID-19, Министерството за здравство во соработка со Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“, превзема низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза. Се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар. Непосредно до ЈЗУ Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се расчисти теренот од стари, диво – вселени објекти, со што се овозможи уредување и користење на просторот во непосредната близина на клиниката.

Фотографија на Венко Филипче.

Со ослободување на просторот од околу 4000 м2 создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на неколку начини, но пред се од монтажно/демонтажен карактер.

Кон овие активности на Министерството за здравство се приклучи Министерството за одбрана и Воено медицинскиот центар при Армијата на Република Северна Македонија која ги стави на располагање своите капацитети, градежната механизација и дел од припадниците на инженеријата.

Воено медицинскиот центар при Армијата на Република Северна Македонија ја става на располагање и Модуларната маневарска болница како едно од можните решенија за дополнување на капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Станува збор за теренска болница по пневматско шаторски систем и истата во конкретниот случај има за цел и задача да помогне во дел од работата на медицинскиот персонал и медицинскиот третман околу згрижување и третман на пациенти, како и во делот на сместувачките капацитети – болнички кревети. Овие објекти, со нивното поставување, можат да ја амортизираат евентуалната оптеретеност на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и/или можат да заменат дел од болничките капацитети. Со тоа директно се штити клиниката од преоптовареност, а се дава можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од Коронавирус COVID-19. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Фотографија на Венко Филипче.

Модуларната маневарска болница се поставува со систем на шатори и модули. Сите модули се формираат согласно потребата и теренот, а со додавање на конектори, можат да се поврзат со Клиниката за инфективни болести со „топол ходник“. Ова е алтернативен начин на зголемување на просторните капацитети на Инфективната клиника, и со добро планирање и додавање на дополнителни така наречени монтажни модули се обезбедува развој на самата локација. Монтажните модули можат да се комбинираат и да се поврзуваат во ширина и должина можат да бидат со единечни, минливи или неминливи соби, и со тој концепт капацитетот може да се зголеми од дополнителни 40 до 130 болнички кревети.

Модуларната маневарска болница е дизајнирана да обезбеди медицинска способност и поддршка на различните унифицирани оперативни мисии на Армијата и истата е опремена со медицинска опрема и кадар во согласност со препораките од НАТО Логистичкиот Центар. Во овој момент сеуште трае подготовката на теренот за поставување на болницата и во наредните неколку дена, доколку послужат временските услови, истата ќе биде поставена. Сите овие активности започнаа пред само неколку дена и на теренот се спроведе вистинска акција со големи човечки напори но одлична меѓуинституционална соработка.

*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќам од приватниот е-меил.

Со почит,
Одделение за односи со јавностa
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори