Македонија

Минимална плата од 20.000 и просечна од 34.000 денари

до крајот на мандатот се целите на ноата влада предводена од СДСМ

Новата влада предводена од СДСМ и од претседателот Зоран Заев има план за иновативна, стабилна, конкурентска економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, зголемување на минималната и на просечната плата.

Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%.

20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат се целите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот.

Македонските граѓани на изборите ги поддржаа политиките кои водат напред, кон подобра иднина за сите, заедно можеме уште повеќе и уште подобро.

 

извор / сдсм
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори