Свет

МАЛ РЕКАПИТУЛАР

НА ДО СЕГА И ОД СЕГА

 

По скоро два месеца, вчера во Вухан (кој е или веќе беше епицентарот на пандемијата во Кина) објавија дека ќе го олабават целосниот карантин, при што постепено ќе почнат со пуштање на јавниот превоз, а ќе им дозволат на незаразените луѓе да се вратат на работа.

На 23 јануари, Кина го стави Вухан, но и други градови низ земјата во целосен карантин, кога имаа регистрирано само 25 смртни случаи. По околу три недели (средината на февруари) под вакви околности и мерки, бројот на нови смртни случаи го достигна својот врв (или епидемиолошки наречен „пик“) во Кина, за дури потоа да започне да опаѓа во втората половина од месецот.

Италија почна со слични мерки како Вухан дури на 11 март, кога веќе беа пријавени 827 смртни случаи, односно осум дена по регистрирањето на првите 79 смртни случаи (статистика од 3 март) и дури деветнаесет дена по избувнувањето во земјата (со случај регистриран на 21 февруари).
На 22 февруари Италија стана земја со најголем број регистрирани случаи и починати од сите западни земји кои не се дел од азискиот континент.

Но, кога Кина достигна ваков сличен број смртни случаи како Италија (на 8 февруари имаше 811 смртни случаи), целосниот карантин веќе цели две недели беше во функција.

Во извештајот на Заедничката мисија на Светската здравствена организација и на Н.Р. Кина се подвлекува дека со поттикнување на „можеби најамбициозниот, агилен и агресивен напор за ограничување на болести во историјата (Кина) го смени текот на брзо ескалирање и смртоносна епидемија“ и дека неверојатната брзина со која кинеските научници и експертите за јавно здравје го изолираа овој вирус, воспоставија дијагностички алатки, но и ги утврдија клучните параметри на преносот, како што е начинот, односно трасата на ширење, како и периодот на инкубација, при што ја обезбедија основата на доказите за стратегијата на Кина, која беше спроведена.

Досега, Италија има скоро 20.000 вкупно регистрирани случаи помалку од Кина, или вкупно 59.138 лица (22.3.2020), но скоро двојно повеќе починати, при што се очекува двојноста да се достигне денеска (23.3.2020), па така ќе се зголеми сегашната бројка од 5.476, која е скоро колку вкупниот број починати на првите три земји на листата заедно – Кина, САД и Шпанија.
78,6% од вкупниот број регистрирани случаи во целиот свет (2:23 часот, 23.3.2020 – 337.469 луѓе) се сочинети од првите седум земји кои имаат над 15.000 заразени во рамки на своите граници.
Редоследно:
1. Кина – иако прва по вкупен број, сепак со најнизок број активни случаи во моментот – 5.120 луѓе и веќе пет дена по ред нема регистрирано нови случаи во Вухан и регионот Хубеи, односно изворот на пандемијата.
2. Италија – најпогодената земја во светот, по сите параметри.
3. САД – кои брзорастечки се искачија од долните редови кон третото место за само неколку дена, бидејќи тие се земјата со најголем број на новозаразени во едно деноноќие во последниот период, како што беше денеска, кога достигнаа 9.339 нови случаи за 24 часа.
4. Шпанија – која е трета по ред на вкупен број на починати досега, веднаш зад Кина, иако има двојно помалку од неа досега.
5. Германија – која иако е петта тука, сепак е единаесетта по ред на смртни случаи, односно само 94 досега, на скоро 30.000 заразени, што е фрапантно за сите останати земји од оваа категорија.
6. Иран – кој од втор, се симна на шестото место, иако е четврти по бројот на смртни случаи, после Шпанија и кој покрај брзиот раст, наиде на нагло стагнирање во растот
7. Франција – која е единствена под 20.000 во оваа категорија на земји, за којашто се верува и дека го имала нултиот пациент на тлото на европскиот континент.

#СедиДома #ЌеБидеСèВоРед

ОГНЕН ЈАНЕСКИ

Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори