Спорт

КФМ успешно го одржа првиот “он лајн” натпревар во кати

Карате федерацијата на Македонија изминатиот викенд одржа “он лајн” првенство за деца до 15 години во дисциплината кати во машка и женска конкуренција. Истото беше организирано според новонастанатите услови и во согласност со стандардите на Светската Карате федерација (WKF), cпоред пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство, со изведби на отворен простор или пак во домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.

Прегледот на снимките и оценувањето по стандардите на WKF се спроведе изминатите неколку дена, од страна на судии делегирани од Судиската комисија на КФМ предводени од судиите со највисоки звања, со светски и европски лиценци. Натпреварувачката комисија на КФМ на евидентираше пријави од вкупно 16 карате клубови со 89 натпреварувачи.

Овој настан е од големо значење кога во време на глобалната пандемија од коронавирусот се откажани сите домашни и меѓународни натпревари на неодредено време. Особено е значајно што во дисциплината кати има интерес кај клубовите кои вредно работат со младите генерации, што очекуваме да биде уште помасовно и поквалитетно во иднина. Карате федерацијата на Македонија и во наредниот период ќе се стреми да организира вакви и слични активности, што ќе зависи од препораките на надлежните институции за тренинг и учество на натпревари.


Со почит,
Игор Миноски, стручен соработник на
Карате федерација на Македонија
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори