Колумни

Која е логиката!?

Работиш во некој град во соседството, иако со негативен тест, не можеш да си дојдеш дома. Ако дојдеш дома, те чека автоматски 15 дена самоизолација. И ќе те избркаат од работа.

Ако останеш во градот каде работиш треба да плаќаш кирија и ништо не ти останува од платата.
Има многу вакви граѓани на кои им се ускратени нивните права и слободата да работат и заработуваат.
Зошто не може сите овие лица да си доаѓаат дома за викенд, да останат дома во изолација, и понеделникот наутро да се вратат на работа во градот во соседството каде работат!?
Зошто им се врши неправда на ваквите категории на граѓани!?
Веднаш треба да се укине самоизолацијата за оваа категорија на наши граѓани, ако се со негативен тест.
Доста е Ковид19 криза, психичка криза па уште им фали финансиска криза.
Треба да напуштат работа и да бидат на терет на државата!?
Поведете сметка и за оваа категорија на граѓани.
Избори доаѓаат, не смеете да создавате револт и незадоволство на оваа категорија на луѓе и нивните семејства!
Веднаш донесете Одлука.
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори