Социјални Мрежи

: Кога сме кај кудењата

: Кога сме кај кудењата, треба и да се пофали за одредено работење на службите наши, без разлика дали дома или во странство. 😊😊😊

На пример, денеска ќе го издвојам фактот дека нашиот в.д. амбасадор во Хрватска, Назиф Џафери заедно со нашата служба таму (пр. Кристина), за исклучително кратко време и ефикасно ни помогна и го реши недоразбирањето кое го имавме со другарка моја на хрватскиот граничен премин, Карашовиќи и нивните гранични службеници.
Иако претходно се обидовме со хрватските инстанци, тие нè препраќаа од служба на служба, за потоа да си речам:
– ,,А да пробам дали функционира амбасадата наша?”
Не само што функционираше, туку веќе по првичното објаснување веднаш бев префрлен на линија да разговарам со човек, кој поим немав кој е, за подоцна да сфатам дека всушност директ со амбасадорот ме поврзале.
А само заѕвонив на фиксниот телефон кој го најдов на Гугл, со тој сирот граничен интернет.
Еве, јавно се заблагодарувам. Особено зашто доволно стресен ми беше моментот да се одлучам да патувам во време на пандемија, па уште и искуства со граници.
Покажи повеќе
Назад на горното копче
mk_MK
sq mk_MK
Затвори